8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпроактивни земјоделци за 2013 година на „Технома“

Најпроактивни земјоделци за 2013 година на „Технома“

tehnoma

Житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство и органско производство, се петте категории во кои утре на саемот „Технома“ ќе бидат прогласени најпроактивните земјоделци за 2013 година.

Изборот се вршеше преку јавен оглас отворен за сите регистрирани земјоделци во Македонија.

Кандидатите за категоријата житни култури мораа да располагаат со над 150 декари, за овоштарство над 30 декари, за градинарство на отворено преку 15 декари, за градинарство во оранжерии над 5 декари, за сточарство да имаат најмалку 15 грла, (за овчарство минимум 300), додека за органско производство услов беше да имаат сертификат.

Апликациите се анализирани и оценувани врз основа на тоа колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос по декар, степенот на користење обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на финансиите и континуираното инвестирање во подобрување на продукцијата и ефикасноста во работењето.

Најпроактивните земјоделци ќе бидат наградени со наменски вредносен ваучер од 150.000
денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП