8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај на една ера – „Chrysler“ го прати седанот „300“ во историјата

Крај на една ера – „Chrysler“ го прати седанот „300“ во историјата

На свечената церемонија во фабриката за склопување Брамбтон во Онтарио, заврши последното поглавје од историјата на легендарниот американски автомобил.

Последниот „Chrysler 300C“ излезе од лентата на склопување – прекрасен седан во кадифено црвено, што ја означува кулминацијата на речиси 70-годишното наследство на моделот.

До крајот на овој месец ќе заврши и производството на сите варијанти на „Chrysler 300“ од 2023-та година. Минатиот септември, производителот на автомобили ја претстави последната моделска година за седанот, кој донесе ограничена верзија со V8 погон. Моделот за 2023-та – „300C“ имаше 6,4-литарски HEMI мотор и производството беше строго ограничено на 2.000 единици за САД и 200 за Канада. Сите автомобили беа резервирани во рок од 12 часа.

„Марката „Chrysler“ е горда што го слави наследството на „Chrysler 300C“ како вистинска автомобилска икона, еден од оригиналните мускулни автомобили што го претставува смелиот американски луксуз“, рече Крис Февел, извршен директор на брендот „Chrysler“.

 „Додека ја славиме најновата HEMI-придвижувана „300C“ која излезе од линијата со нашите членови на тимот на Брамбтон, ние сме исто така возбудени што ќе работиме заедно додека брендот „Chrysler“ се движи напред кон одржлива целосно електрична иднина како дел од стратешкиот „Stellantis Dare Forward 2030“ план“, додаде топ менаџерот.

Сегашната генерација „300“ дебитираше во 2011-та година, што го прави еден од најстарите производи што можете да ги купите сосема нови на пазарот на автомобили денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП