28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнување во еврозоната

Закрепнување во еврозоната

Belgium Nobel Peace

Закрепнувањето на индустриското производство во еврозоната во август, ја зајакна надежта дека тој сeктор ќе придонесе за раст на економските активности.

Еврозоната во август забележа раст на индустриското производство од еден процент, соопшти Европската статистичка служба потсетувајќи дека во јули индустриското производство беше во пад за еден процент.

Индустриското производство во август во споредба со истиот месец минатата година беше за 2,1 проценти помало.

Официјалните податоци покажуваат дека индустриското производство во 17-члената еврозона е за 12,5 проценти помало во однос на периодот пред избивањето на глобалната финансиска криза во 2008 година.

Инаку, еврозоната во вториот квартал излезе од рецесијата, забележувајќи раст од 0,3 проценти во споредба со првите три месеци од оваа година.

Се очекува дека растот во третиот квартал ќе биде поголем од оној во вториот, а оптимизмот се темели на голем број позитивни показатели кои укажуваат дека закрепнувањето „се шири“ и не зависи само од перформансите на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП