6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција дава плати и на државни службеници осудени на доживотен затвор

Грција дава плати и на државни службеници осудени на доживотен затвор

Hellenic_Parliament

Неспособноста на грчките власти да прекинат со исплата на плати дури и на осудени на доживотен затвор државни службеници се најде меѓу главните теми на американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Весникот како пример го наведува убиство на грчки градоначалник во 2009 година, што го користи како силен аргумент, дека Грција не може да ги исполни барањата за реално реформирање на државниот сектор и за отстранување на несоодветно вработените.

Осудениот на доживотен затвор за убиство државен службеник дури и добива плата од
државата, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Меѓународните кредитори, кои вршат оценка на исполнувањето на условите од двата спасувачки пакети од страна на грчките власти и можноста од доделување трет пакет помош, бараат државата да го реформира државниот сектор и да отпушти илјадници државни службеници.

Според весникот случајот со градоначалникот покажува колку тешко ќе биде реализирано
такво нешто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП