5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанската комора на Македонија го поздрави повлекувањето на Законот за прекршоци

Стопанската комора на Македонија го поздрави повлекувањето на Законот за прекршоци

komora

Стопанската комора на Македонија го поздравува повлекувањето на Предлог законот за прекршоци од собраниска процедура, кој предвидуваше високи казни за компаниите.

Од Комората истакнуваат дека новиот закон за прекршоци треба да се донесе, но според нив несоодветно е уредена материјата во делот на прекршоците, особено во делот на процентуалните глоби од 1 до 10 проценти од вкупните приходи остварени претходната година.

– Износите на казните треба да бидат фиксирани од минимален до максимален износ како што се предвидува во сите останати закони. Спорно е и тоа што во самиот предлог текст не беше прецизирано за кои видови на прекршоци ќе се определува процентуалниот износ на казна.

Премногу е висока и мандатната казна која оди до 3.000 евра од причина што тоа се казни што се даваат на лице место, рече Снежана Камиловска од Стопанската комора на Македонија.

Другите спорни одредби од предложениот закон, според Комората, се и основната глоба која за разлика од сегашниот закон се предвидуваше да изнесуваше до 200 илјади евра, како и привремената забрана за вршење на одредена дејност до три години.

Комората смета дека материјата во делот на казните ќе биде ревидирана согласно нивните
насоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП