9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧебрен не смее да падне во туѓи раце – ќе прокоцкаме ли...

Чебрен не смее да падне во туѓи раце – ќе прокоцкаме ли милијарда евра?

Реализацијата на проектот за изградба на реверзибилната хидроцентрала Чебрен, која ќе има инсталирана моќност од најмалку 333 мегавати, е еден од најголемите и најзначајните енергетски проекти во земјава. Но, дали тој ќе биде и најдобар за нашата енергетска независност и економија?

Владата додели концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрала на Црна Река на конзорциумот од Грција. Според договорот, избраниот понудувач има обврска во рок од три месеци да потпише договор за заедничко инвестирање и да основа акционерско друштво со Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), каде ЕСМ ќе има 33% удел во капиталот. Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра.

Чебрен е од исклучително значење за енергетската транзиција на Македонија и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Исто така, тој ќе има големо значење за заштита од поплави, водоснабдување, земјоделство итн.

Но, дали оваа инвестиција е најдобро решение за нашата земја? Некои експерти сметаат дека тоа не е така. Тие упатуваат критики кон Владата дека не ја искористила можноста да го реализира проектот со сопствени средства и да го задржи целосно сопственството врз хидроцентралата.

Според нив, тоа би овозможило поголема енергетска независност, но и поголеми приходи од продажбата на струја на пазарот.

„Со овој договор, Владата го продава највредниот енергетски ресурс во земјава. Државата треба да го задржи целосното сопственство врз хидроцентралата и ќе може да ја искористи за да го балансира своето производство на струја од обновливи извори, но и да ја продава на пазарот по високи цени. Со овој договор, ЕСМ ќе има само 33% удел во проектот, а останатите 67% ќе бидат во рацете на грчките компании, кои ќе ги земат и најголемиот дел од приходите. Тоа значи дека ќе изгубиме сопствено производство на струја, но и милиони евра од продажбата на истата“, коментира експерт за енергетика кој сакаше да остане анонимен.

Професорот Дејан Трајковски веќе ја пресмета и разликата која изнесува над милијарда евра.

„Во случај на партенство, ефектот би изнесувал 250 милиони евра, а ако инвестираме самите продаваме по сегашната цена од 53 евра нето сегашната вредност би била околу 1,6 милијарди евра“, вели професорот Дејан Трајковски.

Хидроцентралата Чебрен е децениски проект. Досега имало 13 неуспешни тендери за избор на инвеститор, во последните 20 години.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП