28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите сметаат дека плаќаат премногу данок

Французите сметаат дека плаќаат премногу данок

francepeople1

Повеќето граѓани на Франција, околу 79 проценти, ја осудуваат фискалната политика на државата, а 85 проценти не веруваат во фискалната пауза во 2015 година, покажува најновото истражување на истражувачкиот центар Ипсос.

Како што пренесува Франс прес, иако повеќето испитаници не го одбиваат принципот на оданочување, француските граѓани сметаат дека плаќаат премногу данок.

Дури 79 проценти од анкетираните навеле дека даночниот систем е неправеден, додека 80 проценти од нив сметаат дека не е ефикасен во однос на намалување на јавниот долг и буџетскиот дефицит.

Истражувањето покажа дека 78 проценти од граѓаните мислат дека актуелниот даночен систем не одговара со оној од предизборната кампања, а дури една половина од нив се поддржувачи на Социјалистичката партија.

Меѓутоа, иако повеќето граѓани не ја поддржуваат актуелната фискална политика, повеќето од нив (57 проценти) сметаат дека плаќањето на данок е граѓански чин, особено кога станува збор за данок на богатство, корпоративен данок, данок на приходите, или таксите за алкохолот и цигарите.

Исто така, 72 проценти од анкетираните сметаат дека даноците премногу ја оптеретуваат средната класа, а дури 74 проценти од нив оценија дека тие повеќе придонесуваат за одржување на системот, а не за корист на граѓаните, со други зборови, Французите гледааат што плаќаат, но не гледаат што конкретно добиваат за возврат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП