30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот е-теренец на „Toyota“ ќе пристигне во Европа во првата половина на...

Новиот е-теренец на „Toyota“ ќе пристигне во Европа во првата половина на 2024-та

Најновото електрично возило на „Toyota“ моментално го носи генеричкото име „Urban SUV“ и ќе ја претставува својата влезна точка во целосната електрификација кога ќе биде лансирана следната година.

Претставен на годишниот форум на компанијата „Kenshiki“ во Брисел, новиот мал електричен кросовер ќе седи заедно со хибридниот и plug-in хибридниот „C-HR“ во растечкото портфолио на марката.

Концептот „Urban SUV“ е нешто пократок и потесен, но и малку повисок од моделот „C-HR“. Дизајниран е во верзии со погон на предните и сите тркала, што значи дека ќе доаѓа во конфигурации со еден и два електрични мотори.

Купувачите ќе можат да избираат помеѓу две големини на батерии, но „Toyota“ сѐ уште не ги открива нивните детали.

„Urban SUV“ не дели механичка основа со постојните возила на „Toyota“ со мотори со внатрешно согорување, туку седи на посебна EV платформа.

Стилот е конзистентен со електричните „bZ“ модели на „Toyota“, и иако теренецот е означен како концепт, серискиот модел нема да биде значително различен во дизајнот. Една од планираните измени е усвојување на редовни странични ретровизори наместо камери.

Малиот кросовер ќе биде еден од околу 15-те модели со нулта емисија што „Toyota“ има намера да ги пушти во продажба во Европа до 2026-та година низ своите патнички и комерцијални возила.

Така, до 2026-та година „Toyota“ ќе лансира шест наменски електрични возила. Дотогаш, јапонскиот производител предвидува дека повеќе од 20 отсто од неговите годишни испораки во Европа ќе бидат електрични возила.

„Toyota“ очекува да продава повеќе од 250.000 чисто електрични автомобили на европските клиенти секоја година, почнувајќи од 2026-та година.

Повеќе детали за новиот електричен модел базиран на концептот „Urban SUV“, како и неговото комерцијално име, ќе знаеме во 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП