2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали овој кинески теренец има шанси во Европа? (ФОТО)

Дали овој кинески теренец има шанси во Европа? (ФОТО)

Компанијата „Great Wall Motor“ (GWM) претстави нов адут за европскиот пазар.

Кинеските производители на автомобили сериозно се подготвуваат за фронтален напад на европскиот пазар, а не само со електрични возила.

Имено, најновиот модел со кој сакаат да го освојат Стариот континент е „plug-in“ хибрид со дволитарски турбо бензински мотор кој е спарен со еден или два електромотори, во зависност од тоа дали автомобилот има две или сите четири тркала.

Со должина од 4,7 метри, „GWM Wey 03“ влегува во многу конкурентниот сегмент на теренци со средна големина, кој веќе вклучува модели како што се „Volkswagen Tiguan“, „Hyundai Santa Fe“, „Toyota RAV4“ и „Škoda Kodiaq“, да наведеме само неколку.

Благодарение на значителното меѓуоскино растојание од 2,75 метри, „Wey“ има многу простор на задната клупа, дури и најмногу во класата, но тоа не е главната предност на овој модел.

Имено, се работи за автономија до 136 km доколку автомобилот се вози исклучиво на електричен погон, што е најдобар резултат во класата. За ова е заслужна литиум-јонската батерија со капацитет од 34 kWh, а Кинезите тврдат дека и нејзината брзина на полнење ќе биде рекордна, дури и на обичен штекер.

Кинескиот производител смета на тоа дека ќе може да дојде до потенцијални клиенти кои сè уште бегаат од чисто електрични возила, поради што основната моторизација е дволитарски турбо мотор кој развива дури 204 ks, додека моќта се пренесува преку автоматски менувач со 9 степени на пренос.

Кога електромоторот ги придвижува само задните тркала, што е случај со верзијата AWD, вкупната моќност на погонот достигнува 442 ks, а вртежниот момент е неверојатни 685 Nm.

Сето ова му овозможува на кинескиот теренец да забрза до 100 km/h за само 5,3 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 230 km/h.

Се очекува на германскиот пазар цената на почетниот модел со погон на две тркала да биде 45.000 евра, додека најдобро опремената верзија би била поскапа за 5.000 евра.

Верзијата со погон на сите тркала и врвна опрема ќе чини околу 54.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП