4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали и колку ќе поскапи „евтината струја“

Дали и колку ќе поскапи „евтината струја“

Енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика се во последни пресметки за новата цена на струјата која треба да важи за домаќинствата по Нова година. Веќе се е поизвесно дека цената ќе биде повисока од оваа која граѓаните во моментов ја плаќаат. Потврда за тоа даде зголемената цена на тендерот за набавка на електрична енергија каде ЕСМ понуди цена за околу осум отсто повисока од минатите шест месеци.

Засега „топло ладно“ се игра и со информацијата за проширување на тарифните блокови. Додека власта уведува дека нема сите граѓани да добијат зголемени трошоци за електрична енергија, опозицијата обвинува за партиски вработувања во државните енергетски компании. Во меѓувреме од први повторно граѓаните имаат можност преку ден да користат евтина струја во периодот од 13 до 15 часот.

Цената на струјата повторно е една од главните теми на граѓаните. Што ги очекува домаќинствата од први јануари и какви ќе бидат трошоците за електрична енергија во првта половина од 2024 година, во периодот што следи треба да соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Тоа што е се поизвесно е дека зголемување на цената ќе има, но за кого и за колку засега е главната дилема.

Државните електрани ЕСМ веќе доставија понуда за тендерот на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, и понудата изнесува 57 евра за мегават час, за вторите шест месеци од годинава цената изнесува 53 евра. Дополнително, од Владата решија да не ги обезбедуваат сите потребни количини за домаќинствата, односно 95 отсто, останатите количини приватната компанија треба да ги обезбедува од слободниот пазар, каде цените се повисоки од понудената цена за два и пол до три пати. Но, освен тендерот во крајната праесметка влегуваат и цената на преносниот систем МЕПСО, потоа цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО, како и цената на дистрибутивниот систем Електродистрибуција. Сите овие компании доставија тгрошоци до регулаторот, а сега тој треба да процени кои ќе ги признае и колку тие ќе влијаат врз крајната цена за домаќинствата.

Регулаторот соопшти дека во последната недела од годинава на пресконференција ќе ја објави новата цена на електричната енергија. А од министерството за економија, под чија надлежност е и секторот енергетика уверуваат дека нов ценовен шок нема да се случи. Од Нова година пресметките ќе ги прави приватната компанија ЕВН, но последниот збор ќе го има регулаторот. Сега и од владата смируваат дека одлуката за новата цена за  граѓаните нема да предизвика оптоварување за домашните буџети.

„Не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија, „особено не за 90 проценти од граѓаните кои се во првиот и во вториот блок и кои трошат нормални количини на електрична енергија што му се потребни на едно домаќинство“, велат од Владата.

Воздржани во своите предвидувања засега се и експертите од областа на енергетиката кои засега не се осмелуваат да прогнозираат каква ќе биде одлуката на регулаторот, бидејќи во моментов има многу непознати моменти.

Рзногласие има и во намарата да се прошируваат тарифните блокови. Од еконимија најавија зголемување на опфатот на третиот и четвртиот блок, но од Регулаторна велат дека тоа засега не е возможно. Ваквата хаотична состојба ја искористи и опозицијата која сега обвинува за партиски вработувања кои ќе се плаќаат со парите кои ќе се соберат од поскапата струја за домаќинствата.

„Неофицијано низ Битола, каде е најголемиот енергетски комбинат РЕК Битола, се зборува за околу 450 нови вработувања на партиски послушници во РЕК Битола, а во цело ЕСМ таа бројка достигнува 700. Сам по себе се наметнува заклучокот дека сите ние ќе ги платиме од свој џеб овие нови вработувања на 700 партиски војници, преку повисоката цена на струјата. Се поставува прашањето дали за да го купат социјаниот мир сега регулаторите ќе удрат по цената на малите потрошувачи, обидувајќи се да ги заштитат домаќинствата од ценовен шок? Но, тоа би значело повторен удар врз економијата, бидејќи малите потрошувачи се т.н. „мал бизнис“, кој исто така плаќа даноци и го полни буџетот!“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Втор ден веќе домаќинствата имаат можност да користат дневна евтина тарифа на струјата од 13 до 15 часот. Пресметките на ЕВН се дека со враќањето на оваа поволност за граѓаните и доколку редовно ја користат евтината тарифа нивните сметки би можеле да се намалат до 1000 денари на месечно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП