28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Кина

Раст на инфлацијата во Кина

kina6

Стапката на инфлација во Кина во септември оваа година достигна 3,1 проценти, што е највисокото ниво во последните седум месеци.

До пораст на инфлацијата дојде поради скокот на цените на прехрамбените производи, поради лошите временски услови.

Цените на земјоделските производи во истиот месец се зголемиле за 1,5 проценти во однос на август, поради сушите и поплавите во повеќето региони во Кина, пренесува Ројтерс.

Најновиот пораст на стапката на инфлација го намалува просторот за маневар на Кинеската централна банка со цел да ја подржи националната економија, а како дополнителна пречка е и извозот на земјата кој забележа неочекуван пад.

Стапката на инфлација во септември беше повисока од проценката на аналитичарите кои во просек очекуваа годишна стапка од 2,9 проценти, но сепак таа сеуште е пониска од целната за 2013 година која изнесува 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП