3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да се подготви автомобилот за зимски услови на возење

Како да се подготви автомобилот за зимски услови на возење

zimski-uvjeti-voznje

Автомобилот во текот на зимата е изложен на многу неповолни услови – крајно неповолна температура, лизгав коловоз, солта и песокот на улиците. Во таквите услови сите слабости можат да излезат на виделина. Па поради тоа, подгответе го вашиот автомобили да биде подготвен да ја прифати зимската сезона. Најпрво проверете ги течностите. Би било добро пред зимата да го промените маслото, затоа што со ново масло, автомобилот полесно може да стартува во ладните зимски утра. Задолжително проверете ја течноста во ладилникот. Ако досега сте имале мешавина од вода и антифриз, не би било лошо да ја замените со чист антифриз.

Проверете ја работата на возилото.

Проверете ја и течноста за миење на стаклата, па променете ја со таа за зимски услови (со ниска точка на мрзнење). Чест проблем во текот на зимата може да биде и откажувањето на акумулаторот.

Не би било лошо да го проверите кај механичар, а особено ако е стар повеќе од една година или ако на спојките има траги од корозија. Не е лошо да се провери исправноста на кочниците, светлата и бришачите.

Ако зад бришачите остануваат траги, заменете ги. Исто така, во текот на зимата, никогаш не ги вклучувајте доколку има мраз, затоа што ќе ги оштетите.

Летните гуми променете ги со зимски.

Летните гуми на температура под 7 степени ги губат своите својства. Не се исплати да се штеди на гуми. Новиот сет зимски гуми е нешто поголема почетна инвестиција, но се исплати поради поголемата безбедност.

Покрај тоа, со новиот сет на гуми, вам и летните гуми ќе ви траат подолго. Профилот на зимските гуми не смее да биде помал од 4 мм. Ви препорачуваме рамномерно да ги користите двата сета, па така замената на летните и зимските да ја извршите во периодот околу 01.11. и 01.04. Исто така, проверете го притисокот на сите пневматици и на резервната гума.

Подгответе ја каросеријата.

Влагата, солта и песокот лошо делуваат на лакот. Па поради тоа не е лошо пред зимата со восок да се обложи каросеријата. Исто така, редовно да го миете автомобилот и во зима. Чистете ги листовите од пределот на моторот. Подмачкајте ги бравите на автомобилот со средство за одмрзнување или со обично средство за подмачкување. Рамката на вратите премачкајте ја со средство против замрзнување.

Подгответе се самите себеси.

При рака секогаш имајте стругалка за мраз и мала лопата. Исто така, имајте со вас и средство за одмрзнување на бравата, но НИКАКО немојте да го чувате во автомобилот. Пред да започнете да возите, автомобилот темелно исчитете го од снегот и мразот. Немојте да заборавите да ги исчистите покривот или хаубата. Возете нежно и дефанзивно. Полека забрзувајте или вртете, без ненадејни движења, а предвидете и подолго растојание за сопирање.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП