3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМасло од афион, чудесен производ со бројни здравствени бенефити! Го регулира крвниот...

Масло од афион, чудесен производ со бројни здравствени бенефити! Го регулира крвниот притисок, ги смирува нервите….

Природното ладно цедено масло од афион е вистинско богатство за човековото здравје! Добиено од најквалитетниот афион на светско ниво од радовишкиот крај, Нутрико маслото од афион, е и храна и лек, чудесен производ со бројни здравствени бенефити!

Го поттикнува природниот одбранбен механизам на организмот и делува позитивно на целокупното општо здравје. Ја ублажува кашлицата; делува како апче за спиење; помага за смирување на нервите; ја зголемува заштитната функција во борбата против разни инфекции; го намалува ризикот од формирање и напредување на клетките на ракот; се смета за одличен лек против дијареа; грчеви и воспаленија. Докажано помага за правилна функција на тироидната жлезда и регулација на крвен притисок.

Нутриционистите ги препорачуваат ладно цедените масла поради позитивни бенефити кои тие ги носат по човековото здравје. Бидејќи се природни масла исцедени од семето и наточени во шише. Меѓу себе се разликуваат по својот состав и нутритивните вредности. Од сите природни ладно цедени масла присутни на пазарот отскокнува афионовото масло.

Како помага?

Во исхраната, маслото од афион ги релаксира мускулите, ги зајакнува нервите, ја ублажува болката, ја зголемува концентрацијата и го зајакнува одбранбениот механизам на телото.

Може да се користи за елиминирање на несоницата – со консумирање лажичка масло од афион пред спиење, а помага и кај пациенти со астма и оние кои страдаат од хронична кашлица.

Исто така се користи за лекување на стомачни тегоби, додека последните истражувања покажуваат дека го забавува растот на туморот, бидејќи е богат со витамин Е, калциум и јаглехидрати, одличен во исхраната на спортистите како извор на енергија.

За кого е наменето?

Спортистите често консумираат мешавина од афион и мед за да ја зголемат физичката сила и наместо семиња, понекогаш е попрактично да се користи афионско масло. Иако афионот како растение содржи опиум, во ладно цеденото масло од афион нема наркотични својства. Можат да го консумираат и деца и возрасни, сите оние кои преферираат здрав и активен живот.

Самото масло има лековито својство и делува на воспалителните процеси во организмот ја намалува болката и ги регенерира оштетените клетки и ткива. Совршено се апсорбира во кожата истата ја хидрира и помага на изгореници, исеченици и други проблеми на кожата, болки во уво, забоболки, афти во уста и уште огромна листа на здравствени придобивки.

Како да се консумира?

Најдобро е наутро, на гладно срце, да се испијат 20 мл. Сеако одлично оди и во комбинација со тестенини, компири, десерти и овошје, а и во салати.

Ги штити коските!

Маслото од афион помага во развојот и заштитата на коските. Поради термичкиот ефект, маслото од афион е многу популарно кај луѓе со слаба циркулација, синдром на настинки и реума.
Не е погодно за печење и пржење!

Загревањето на маслото предизвикува влошување на активните состојки, поради што маслото од афион не е погодно за печење и пржење.

Каде да го купите или нарачате?

Во Nutriko, или преку телефон 072 217 701.

ПР објава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП