27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Икеа“ достина до 27,9 милијарди евра

Продажбата на „Икеа“ достина до 27,9 милијарди евра

ikea

Продажбата на шведскиот гигант за мебел „Икеа“ порасна за 3,1 отсто на вкупно 27,9 милијарди евра во текот на претходната деловна година, односно од септември 2012 до август 2013 година, во споредба со претходниот едногодишен период.

Порастот на продажбата, јави дописникот на МИА од Гетеборг, во добар дел е резулатат на зголемениот број трговски центри на „Икеа“ во разни земји.

Продажбата, мерена во споредливи трговски центри на „Икеа“, пораснала за 1,8 проценти. Продажбата бележи најголем пораст на пазарите во Русија и Кина.

Во Шведска има мал пад на прометот во последниот период, според соопштението за медиуми од „Икеа“. Инаку, „Икеа“ во неколку наврати најави отворање на нови трговски центри, меѓу другото, и во балканските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП