3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKaspersky ја претстави прогнозата за 2024 година за заканите на корисниците на...

Kaspersky ја претстави прогнозата за 2024 година за заканите на корисниците на интернет

Тимот на експерти за сајбер безбедност на Kaspersky претстави детална прогноза за 2024 година од извештајот на Kaspersky Security Bulletin (KSB).

Како што се наведува во соопштението, овој сегмент на KSB, врз основа на постојана анализа на сајбер безбедносното опкружување, дава детален преглед на заканите со кои корисниците на интернет може да се соочат во наредната година. Kaspersky укажува на разновидна низа на потенцијални предизвици, при што сајбер-криминалците се повеќе користат актуелни теми и напредни технологии.

„Во прогнозите за закани за 2024 година, даваме увид во потенцијалните сајбер ризици. Светот на измамите е динамичен, а измамниците постојано смислуваат нови шеми. Бидете внимателни бидејќи може да се појават нови тактики и одржувајте проактивен став. Тоа ќе биде најсилната одбрана од заканите кои постојано се менуваат“, коментира Ана Ларкина, експерт за безбедност и приватност во Kaspersky.

Според податоците на ОН, во 2023 година се забележани најжестоките глобални конфликти од Втората светска војна. Таа состојба на продолжен конфликт, во комбинација со последиците од пандемијата и тешките временски услови, создаде одлична клима за хуманитарна измама. Во наредната година се очекуваат значително повеќе вакви измами, бидејќи криминалците ќе го искористат продолженото влијание на глобалните кризи.

Имено, сајбер-криминалците се подготвени да посветат поголемо внимание на P2E игрите (Play-to-Earn), во кои играчите можат да заработуваат Bitcoins или NFT. Овој сегмент од игрите стана атрактивна цел поради неодамнешниот пораст на вредноста на биткоинот и можноста за лесна заработка. Фото-монтажите и длабоките лажни видеа стануваат се почести, а напредокот на технологијата за фалсификување глас исто така се забрзува. Неодамна објавениот OpenAI API со напредни можности за текст во говор укажува на голем напредок во вештачки генерираната гласовна технологија. Ваквите иновации претставуваат значаен чекор напред, но носат и можности за злоупотреба. Измамниците потенцијално можат да ги користат за да создадат поубедлива измамничка содржина, рече Касперски.

Покрај зголемувањето на приватноста на корисниците, VPN играат клучна улога во спротивставувањето на предизвиците како што се сегментацијата на интернет и гео-оградувањето, кои често се резултат на геополитички промени.

„Овие практики го ограничуваат пристапот до информации врз основа на локацијата, но со користење на одредени VPN услуги, корисниците можат да ги заобиколат овие бариери и да пристапат до поширок опсег на информации. „Со оглед на овие можности, но и зголемената загриженост за приватноста и достапноста на информациите, се предвидува дека глобалната побарувачка за VPN решенија значително ќе порасне во текот на следната година“, се вели во соопштението.

Нема да биде мирна ниту филмската индустрија. Како што се приближуваат премиерите на блокбастерите како „Дина: Дел 2“, „Дедпул 3“, „Џокер 2“, „Гладијатор 2“ и „Аватар 3“, така се зголемува и бројот на измами. Штрајкот на актерите може да доведе до неовластено споделување на нови филмови, што е идеално опкружување за фишинг сајтови кои нудат „ексклузивен пристап“.

Ризиците не се ограничени само на филмските премиери. Ако GTA VI биде објавен во 2024 година, тоа ќе биде гејминг настан на годината. Во оваа игра има внатрешна валута, која привлекува измамници. Се очекува враќање на класичните измами со продажни клучеви и примамливи цени, насочени кон заедницата која со нетрпение го очекува новото издание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП