2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of Cyprus забележа загуба од 2,3 милијарди евра

Bank of Cyprus забележа загуба од 2,3 милијарди евра

kipar4

„Bank of Cyprus“ на крајот од 2012 година забележа загуба од 2,3 милијарди евра, главно поради растот на лошите кредити, чиј удел е зголемен од 10,2 на 23,7 проценти.

Резултатите се полоши од оние во 2011 година, кога загубата беше 1,35 милијарди евра, потсетува Ројтерс.

Кипар во март се договори со Меѓународниот монетарен фонд за програмата за заштита, во чии рамки земјата доби кредит од 10 милијарди евра.

Во замена за тоа земјата мораше да го исполни условот дел од трошоците за спас на банкарскиот сектор да го превземат штедачите со штедни влогови поголеми од 100.000 евра во „Bank of Cyprus“ и во втората најголама банка „Laiki“. „Laiki“ банката подоцна беше ликвидирана, а дел од нејзините средства беше превземен од страна на „Bank of Cyprus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП