4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБајден нема да присуствува на COP28

Бајден нема да присуствува на COP28

Американскиот претседател Џо Бајден нема да присуствува на состанокот COP28 на светските лидери за климатските промени оваа недела, според неименувани извори во Вашингтон. Двонеделната климатска конференција на ОН започнува во четврток во Дубаи.

Според Њујорк Тајмс, Бајден ги балансира обврските околу војната на Блискиот Исток и претседателската кампања, која се очекува да се вжешти во јануари. Распоредот на Бајден за четврток, објавен од Белата куќа, покажува дека тој ден ќе биде домаќин на билатерален состанок со претседателот на Ангола Жоао Лоренс.

Бајден ги претставуваше САД на претходните два самити за климата, а домаќин на годинешната конференција се Обединетите Арапски Емирати, голем светски производител на нафта и гас. Десетици земји планираат да се залагаат за првиот договор во светот за постепено укинување на јагленот, нафтата и гасот во Дубаи.

На конференцијата ќе присуствуваат светски лидери, министри и други официјални лица од 198 земји, заедно со околу 70.000 делегати, со што настанот ќе биде најголемата годишна конференција за климата според Конвенцијата на ОН за климатски промени од 1992 година. Не се очекува да присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Воведни говори ќе имаат кралот на Англија, Чарлс Трети, претседателот на ОН, Антонио Гутереш, како и претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан. Се очекува присуство и на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Риши Сунак, а покана е испратена и до Башар ал Асад, претседателот на Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП