3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродаден уште еден пакет акции на GM

Продаден уште еден пакет акции на GM

gm akcii

Владата на САД продаде уште еден пакет на акции на автокомпанијата Џенерал Моторс (GM) во вредност од 570 милиони долари, објави министерството за финансии. Владата сега во најголемиот производител на автомобили има удел од околу седум проценти.

Во 2009-та година владата превзема 60.8 проценти од уделот во „GM“ во рамките за заштита на компанијата од банкрот и во тоа вложи 49.5 милијарди долари од парите на даночните обврзници.

Од тие средства потоа и беа вратени околу 36 милијарди долари. Останатиот дел во „GM“, владата има намера да го продаде до крајот на март наредната година.

„GM“ благодарејќи на реорганизацијата која ја финансираше владата, повторно стана профитабилна, а нивните акции повторно се најдоа на берзата.

Претставник на министерството за финансии претходно изјави дека поради помошта во автомобилската индустрија, која ја опфати и компанијата Крајслер, ќе загуби вкупно 15 милијарди долари. Тој исто така нагласил дека целта на заштитата не била финансиска добивка, туку да се зачуваат работните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП