понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаАВТОБИЗAмериканците „полудеа“ по Model X

Aмериканците „полудеа“ по Model X

model x

Се чини дека компанијата „Tesla Motors“ премногу не ја потресе инцидентот во кој изгоре еден примерок на „Model S“. Производителот на електрични автомобили од Калифорнија објави дека нарачките за новиот „Model X“ веќе ја надминале бројката 6.000.

Заклучно со 5-ти октомври за купувањето на ова возило во САД се пријавиле 6.117 купувачи. Тие дале депозит од најмалку 5.000 долари, колку што е потребно да се одвојат за резервација на основниот „Model X“, иако цената на автомобилот се уште не е официјално соопштена. Се очекува дека овој модел во Америка ќе чини скоро како и „Model S“ или помеѓу 62.400 и 95.000 долари (46.000-70.00 евра), несметајќи ги субвенциите кои се одобруваат за електричните возила.

Дека купувачите навистина имаат доверба во автомобилите на „Tesla“, говори и податокот дека многу од резервациите се пристигнати од сопствениците кои веќе поседуваат некој од моделите на овој производител, „Roadster“ или „Model S“.

„Tesla Model X“ е базиран на модифицираната верзија на платформата на „Model S“. Во овој автомобил може да се сместат 7 патници во трите реда седишта. Основната верзија на „Model X“ е опремена со електричен мотор кој се напојува со батерија од 60 или 85 kWh, a снагата се пренесува на задните тркала. Како опција ќе биде понуден и модел со два електромотори и погон на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП