2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најдобриот камион за 2024-та година

Ова е најдобриот камион за 2024-та година

Го добивме победникот за „International Truck of the Year“ за 2024-та година, а ова е првиот „електрик“ што ја освои оваа престижна награда.

Победник е „Volvo FH Electric“, а жирито во објаснувањето на својата одлука ги пофали перформансите на електричниот камион, беспрекорното забрзување, фактот дека камионот е тивок и не вибрира премногу додека се вози.

Оваа награда, инаку, ја доделува организацијата „International Truck of the Year“, а ја сочинуваат бројни новинари чија потесна специјалност е следење на пазарот на камиони и вести за овој сегмент од автомобилската индустрија. Организацијата постои од 1977-ма година.

„Со воведувањето на „FH Electric“, „Volvo“ испорача најсовремена палета на електрични возила со батерии, погодни за широк опсег на транспортни операции. Тоа е доказ дека енергетската транзиција зема замав дури и во денешната предизвикувачка бизнис средина“, изјави Џаненрико Грифини, претседател на жирито кое го одлучи победникот.

Ова е четврти пат како верзија на „Volvo FH“ е прогласена за камион на годината. Не е ни чудо, имајќи предвид дека е еден од најуспешните модели во индустријата, со речиси 1,4 милиони продадени примероци ширум светот.

„Volvo FH Electric“ има максимална бруто тежина на возилото од 44 тони, а производството на овој модел започна во 2022-ра година во Шведска, пред да се пресели во Гент, Белгија во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП