30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Од јануари струјата нема да поскапи

Бектеши: Од јануари струјата нема да поскапи

Цената на електричната енергија нема да се зголеми ниту во блоковите ниту во целина, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Надлежните институции во моментов прават анализи, но тие според министерот се за заштита на граѓаните.

„Цената на електричната енергија нема да се зголеми и во блоковите и во целина. Моментално се прават анализи од страна на Регулаторната комсија за енергетика и од надлежните институции во делот на блоковите бидејќи сакаме се повеќе да ги заштитиме ранливите категории на граѓани, тие кои што штедат и тие кои се предвидени согласно Министерството за труд и социјална политика и секако согласно тоа што е предвидено како ниски приходи од страна на Министерство за економија“, рече министерот Бектеши.

Тој објасни дека најголемо влијание на цената на струјата е маржата која ќе ја понуди универзалниот снабдувач на тендерска постапка. На следниот тендер министерот Бектеши очекува понуда со пониска маржа во последните пет години.

„Универзалниот снабдувач со тендерска постапка конкурира за профитна маржа која ќе ја има за следните пет години. Моментално е 11 запирка нешто согласно тендерот што беше пред пет години. Во наредната година ќе видиме каква цена ќе добиеме. Јас сум убеден дека ќе биде под 11 %. Имајќи ги предвид сите влезни параметри и секако снабдувањето што се прави кон МЕПСО во делот на загубите и системските услуги кои тие ги даваат. Ние не можеме да влијаеме само во делот на маржата која се добива во тендерска постапка од универзалниот снабдувач. Дали тоа ќе биде 10, 11 , 12 или пак 9 или 8, тоа ќе зависи од понудите кои ќе бидат добиени наредната година во делот на универзалниот снабдувач“, рече Бектеши.

Од следната година пресметките за цената на електричната енергија ќе ги прави ЕСМ, последниот збор за цената ќе го има Регулаторната комисија за енергетика која ќе прави надзор на пресметките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП