5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупувачите на половни автомобили плаќаат многу поскапо поради вратената километража

Купувачите на половни автомобили плаќаат многу поскапо поради вратената километража

Купувачите на половни автомобили кај нас можат да изгубат илјадници евра, односно да платат речиси четвртина повеќе од реалната вредност на возилото, а сето тоа поради вратената километража!

Ваквите возила во просек добиваат зголемување на вредноста за 24 отсто, покажува истражувањето на „carVertical“.

Состојбата на пазарот на половни автомобили беше испитана во 15 земји. Во Обединетото Кралство и во Италија е забележан најголем раст на цената поради вратената километража од 29 отсто, како и во Литванија (25 отсто).

Од друга страна, најмало поскапување поради намалената километража има во Украина (17 отсто), Полска (19 отсто) и Романија (20 отсто).

Возачите претпочитаат автомобили со помала километража, очекувајќи тие да бидат во подобра состојба и да не бараат опсежни поправки, па затоа е тешко да се најде купувач за возило со голема километража, освен ако цената не е значително пониска.

Затоа измамниците кои продаваат автомобили ја менуваат километражата, вештачки ја зголемуваат нивната вредност и остваруваат поголем профит.

Во случај на автомобил стар 15 години со намалена километража, треба да се напомене дека оваа измама може да ја зголеми вредноста на возилото во просек за 27 проценти.

На секои 100.000 намалени километри на километражата, клиентот може ненамерно да плати околу 2.000 евра.

Значи, ако километражата покаже 200.000 километри наместо вистинските 400.000 километри, тоа потенцијално значи дека купувачот ќе преплати дури 4.000 евра за такво возило.

Иако ова зголемување на цената може да изгледа големо за модел од 2008 година, овие вредности се пресметани на платформата „carVertical“, каде што корисниците обично ги проверуваат поскапите автомобили и помалите автомобили од економска класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП