3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИErste сака влијание, купува уште банки

Erste сака влијание, купува уште банки

Bankenlogos, ERSTE Bank Photo: Michaela Bruckberger

После поразот во Унгарија, „Erste“ банката разгледува понуди за купување на додатни банки на Балканот, тврди виенскиот економски весник „Wirtschafts blatt“.

„Erste“ групацијата се приближува до својата цел, на Балканот да стекне уште поголемо влијание.

Нејзината сестринска хрватска банка дала најдобра понуда за државната Хрватска поштенска банка (ХПБ).

Хрватската влада, која сака да го приватизира својот дел од 99,13 проценти, ја потврди понудата од „Erste“ банката во висина од 130,2 милиони евра, односно 149,51 евра по акција.

Унгарската „OTP“ банка понудила помеѓу 92 и 118 милиони евра.

Долго се шпекулираше дека „Erste“ би можела да ја откупи сестринската банка „Hypo Alpe Adria“ на Балканот, но „Erste“ официјално го потврди само интересот за „Hipo Srbia“.

Шефот на „Erste“ Андреас Трајхл на крајот на минатиот месец, при посетата на Црна Гора, рече дека „Erste“ „има апетит и за нешто повеќе“

„Верувам дека австриската влада сака да ја продаде комплетната групација, а не поединечни банки. Меѓутоа мислам дека нашата управа во Црна Гора може да води далеку поголема банка, ако се појават можности“, рече тој во текот на посетата на Црна Гора.

Неименувана портпаролка на банката за австрискиот весник рекла дека таа изјава не се однесувала на „Hipo“ банката.

„Во Црна Гора е нашата најпрофитабилна сестринска банка и не е подготвена само на организиран раст, туку и на купување“, рекла таа не наведувајќи конкретни цели за купување.

Доколку „Erste“ ја откупи Поштенската банка на Хрватска таа би станала втора најголема банка во таа држава со дел на пазарот од 18 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП