28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го подигна буџетскиот дефицит

Грција го подигна буџетскиот дефицит

grcija3

Буџетскиот дефицит на Грција минатата година бил нешто повисок од првичната пресметка, соопшти грчката канцеларија за статистика.

Според најновите проценки, грчкиот дефицит изнесувал 6,2 проценти од годишниот бруто домашен производ (БДП), наместо претходно објавените 6 проценти, што е откриено по ревизијата на трошоците за поддршка на грчките банки, наведено е во соопштението на канцеларијата, а пренесува агенцијата АП.

Грчката влада неодамна соопшти дека оваа година ќе го намали дефицитот на 2,4 проценти од БДП.

Грчката влада од 2010 година, кога се најде на работ на банкрот, започна остри мерки за штедење, а во изминатите три години, опстанува со помош на меѓународните пакети за помош на задолжените земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП