19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарската влада го одобри буџетот

Кипарската влада го одобри буџетот

kipar6

Кипарската влада го одобри буџетот за 2014 година, со кој се предвидува кратење на јавната потрошувачка за 10 проценти поради исполнување на условите за добивање на пакет со финансиска помош.

Според зборовите на кипарскиот министер за финансии Харис Јоргијадес, потрошувачката ќе падне за 626 милиони евра на 5,59 милијарди евра со овогодишните 6,22 милијарди евра, пренесува Франс прес.

„Овој буџет го отсликува предизвикувачкото економско опкружување низ кое поминува земјата. Во момент кога граѓаните, домаќинствата и претпријатијата поминуваат низ тешки денови, исти намалувања мораат да се применат и за државата“, изјави Јоргијадес за новинарите.

Во замена за доделување на помош од 10 милијарди евра, меѓународните кредитори побараа од Кипар да ја затвори втората најголема банка „Laiki“, како и да ги оданочи депозитите со суми поголеми од 100.000 евра во „Banka Cyprus“.

Според условите од пакетот помош, кипарската влада мора да воспостави рамнотежен буџет и да оствари примарен суфицит до крајот на 2016 година, кога истекува програмата за прилагодување.

Овој буџет во наредните неколку дена ќе биде доставен до парламентот, а како водечки приоритет на оваа влада се споменува оживувањето на лошата економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП