7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеочекувана загуба на JP Morgan Chase

Неочекувана загуба на JP Morgan Chase

Stress Tests

Најголемата американска банка „JP Morgan Chase“ во третиот квартал забележала неочекувана загуба.

Во соопштението на банката се наведува дека во периодот од јули-септември имала загуба од 400 милиони долари, во споредба со рекордната загуба од 5,7 милијарди долари од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

„JP Morgan“ во третиот квартал забележала загуба од 17 центи по акција, во споредба со загубата од 1,40 долари по акција од минатата година, додека пак, аналитичарите очекуваа заработка од 1,19 долари по акција.

Приходите на банката паднаа за осум проценти на 23,9 милијарди долари, додека аналитичарите предвидуваа приходи од 24,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП