4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе го игнорирајте чувството на студ на вашите раце и нозе! 5...

Не го игнорирајте чувството на студ на вашите раце и нозе! 5 можни причини

Недостатокот на железо, зголемениот шеќер или нискиот крвен притисок може да ја наруши циркулацијата во екстремитетите…

Студените прсти на рацете и нозете не се ништо невообичаено за време на студените денови, но ако забележите дека се ледени дури и кога сте во топла соба, тоа може да биде симптом на некои здравствени проблеми, пишува „Брајтсајд“.

Анемија

Доколку покрај ладни раце чувствувате и некои други симптоми, како замор, главоболка и слабост, не би било лошо да го проверите нивото на железо во крвта. Железото е главната компонента на хемоглобинот, молекулата која носи кислород во крвта и и ја дава црвената боја. Ова е вообичаено нарушување, а недостатокот на кислород може да доведе до ладни раце.

Дијабетес

Чувството на студ, како и пецкање во рацете и нозете може да биде првиот знак за дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот, но и на нервниот систем, па често е проследен со вакви појави. Доколку покрај ладни раце често чувствувате жед, јадете повеќе и не се здебелувате или слабеете, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.

Низок притисок

Кога крвниот притисок е низок, крвта се насочува од екстремитетите кон виталните органи, па прстите стануваат ладни. Доколку таквиот притисок е придружен со вртоглавица, замор, гадење и слабост, задолжително посетете лекар.

Нарушувања на тироидната жлезда

Хипотироидизмот или бавното функционирање на тироидната жлезда доведува до забавување на метаболизмот, а чест придружник се студените екстремитети или чувството на студенило. Замор, летаргија, поспаност, бавност на говорот и движењето, како и нетолеранција на високи температури се јасни симптоми на ова нарушување.

Стресот

Стресот може да биде и причина за ладни раце и нозе. Имено, го зголемува производството на адреналин, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги стеснува крвните садови. Како резултат на тоа, циркулацијата е забавена, а рацете и нозете се постудени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП