2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс вложува 8 милиони во Индија

Мекдоналдс вложува 8 милиони во Индија

india mc

Ланецот на ресторани за брза храна, „Мекдоналдс“ соопшти дека во наредните пет години во Индија ќе отвори од 100 до 150 објекти „Меккафе“ во кои ќе се продава кафе и десерти.

Отворањето на едно „Меккафе“ чини околу 57.000 долари.

На тој начин вкупната инвестиција во развојот на работењето во Индија ќе изнесува околу осум милиони долари.

Објектите „Меккафе“ ќе се отвораат и во веќе постоечките ресторани на „Мекдоналдс“ на површина од околу 50 квадратни метри. Првиот „Меккафе“ ќе биде отворен на почетокот на наредната недела во Мумбаи.

Во овој момент Индија доживува „бум“ со кафето. Секојдневно во оваа земја се отвораат 200 кафулиња.

Во август месец заедничката компанија на најголемата кафе-компанија „Старбакс“ и индискиот производител и дистрибутер на кафе и чај „Тата Глобал Бевериџ“, соопштија дека имаат во план до крајот на годината во Индија да отворат околу 100 кафеа. Па со тоа ќе го зголемат својот капитал за повеќе од три пати или на 35 милиони долари.

Најголемиот сличен ланец во Индија е „Кафе Кофи Дејс“ со повеќе од 1.500 кафулиња ширум земјата. Негови главни конкуренти се „Бариста Лаваца“ и британската „Коста Кофи“ кои имаат секоја по повеќе од 100 кафулиња.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП