14 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКомпанијата која го лансираше ChatGPT го отпушти својот извршен директор

Компанијата која го лансираше ChatGPT го отпушти својот извршен директор

Сем Алтман напишал дека е среќен поради времето поминато во компанијата за која се надева дека го променила светот.

Одборот на директори на OpenAI го отпушти извршниот директор Сем Алтман бидејќи, како што се вели, тој не бил постојано искрен во своите комуникации.

„Одборот повеќе нема доверба во неговата способност да продолжи да го води OpenAI (ChatGPT)“, се вели во соопштението на компанијата за вештачка интелигенција.

Во соопштението, исто така, се вели дека другиот ко-основач и главен извршен директор на компанијата, Грег Брокман, претседател на одборот, ќе се повлече од таа улога, но ќе остане во компанијата.

Алтман потоа напиша на X дека е среќен поради времето што го поминал во компанија за која се надева дека го променила светот.

Имам уште да кажам за се што следи и тоа ќе го сторам подоцна“, напиша тој.

Брокман напиша дека е „шокиран и тажен од она што го направи одборот“. „Сè уште се обидуваме да утврдиме што точно се случило“, напиша тој на X.

Алтман помогна во лансирањето на OpenAI како непрофитна истражувачка лабораторија во 2015 година со цел да се изгради вештачка интелигенција.

Компанијата прерасна во една од најмоќните фирми за вештачка интелигенција во светот, а подоцна се раздели со својот прв спонзор Илон Маск поради несогласувања за иднината на компанијата.

Одборот на компанијата го сочинуваат главниот научник на OpenAI Илја Сатскевер и независните директори, извршниот директор на Quora Адам Дианџело, претприемачот Таша Меколи и Хелен Тонер од Центарот за безбедност и нови технологии Џорџтаун.

Мира Мурати, главен директор за технологија на OpenAI, ќе ја преземе функцијата привремен извршен директор веднаш, соопшти компанијата, додека бара постојана замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП