28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Cadillac“ претстави нов електричен кросовер

„Cadillac“ претстави нов електричен кросовер

„Cadillac“ го претстави новиот електричен модел наречен „Optiq“.

Дизајниран да биде едно ниво под моделот „Lyriq“, „Optiq“ е компактен кросовер кој, како што велат од компанијата, „ветува динамично возење“ и има за цел да биде достапен за широките маси.

Тие не дадоа многу детали за овој модел, но барем знаеме како ќе изгледа – ќе има вертикални фарови и ниски решетки за влез. Меѓу другото има и 21-инчни тркала.

Задниот дел на автомобилот нема некои посебни карактеристики кои би го издвоиле, но во некои делови потсетува на „Escalade IQ“. Иако компанијата не ги дала карактеристиките на овој модел, нешто се знае, како што се димензиите (4.821mm x 2.954mm).

Што се однесува до погонската група, тука е електричен мотор со 201 ks или 241 ks, како и верзија со двојни мотори и погон на четири тркала, со комбинирана моќност од 283 ks.

Цената е сè уште голема мистерија, но треба да биде поевтина од „Lyriq“ од 57.200 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП