3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА НОСЕЊЕ: Претставен нов уред

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА НОСЕЊЕ: Претставен нов уред

Компанијата „Humane“ претстави нов уред кој користи вештачка интелигенција. Корисниците ќе можат да го носат на својата облека, практично како беџ.

Уредот наречен „AI Pin“ е дизајниран да комуницира со големи јазични модели, а не со апликации. Дизајниран е за разговор, а не за пишување, бидејќи нема екран, пренесува порталот „Verge“.

Опремен е со процесор „Snapdragon“ и се состои од два дела – уред во форма на квадрат и батерија кои се прикачуваат на облека или други површини со магнет, а корисникот го контролира со глас и движења.

Вградената камера прави фотографии од 13 мегапиксели, како и видеа по ажурирањето на софтверот.

Примарната задача на „AI Pin“ е поврзување со моделите на вештачка интелигенција преку софтвер.

Компанијата наведува дека пристапот до „ChatGPT“ е всушност една од основните карактеристики на уредот. Неговиот оперативен систем, наречен Космос, е дизајниран автоматски да ги насочува корисничките барања до вистинските алатки за вештачка интелигенција и да не бара од нив да преземаат апликации.

Основната идеја е дека корисникот може да комуницира со уредот само со глас или допир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП