19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка по втор пат избира ,,НАЈ ПРОактивни земјоделци" за 2013

ПроКредит Банка по втор пат избира ,,НАЈ ПРОактивни земјоделци” за 2013

New Image

ПроКредит Банка по втор пат годинава избира нај ПРОактивни земјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство. Изборот се вршеше преку јавен оглас, кој беше отворен за сите регистрирани земјоделци во државата чија примарна дејност им е земјоделие и кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Во категорија житни култури: површини над 150 декари
  • Во категоријаовоштарство: површининад 30декари
  • Во категоријаградинарствонаотворено: површини над 15 декари додека градинарствовооранжерииповршини над 5 декари
  • Во  категорија сточарство: поседување на најмалку 15 грла додека за категорија овчарство најмалку 300 грла.
  • Во категорија органско производство: поседување на сертификат за органско производство

Многубројните апликации беа анализирани и оценувани од стручна жири комисија составена од претставник од Банката, претставник од Земјоделскиот факултет и претставник од Федерација на фармери. Стручната комисија ги оценуваше и рангираше апликациите врз основа на следните критериуми: колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос на производство по декар, степенот на користење на обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на своите финансии и колку континуирано инвестира во подобрување на производството и зголемување на ефикасноста во работењето. Покрај овие критериуми, преку разговор со земјоделците стручното жири собираше дополнителни информации во врска со нивното работење, инвестирање и идни планови. Врз основа на критериумите се избраа нај проактивните земјоделци во секоја категорија.

ПроКредит Банка, како Банка лидер во земјоделието, по втор пат избира Нај Проактивни земјоделци, со цел да им се даде признание на земјоделците кои работат и го развиваат македонскиот аграр, а воедно да се даде стимул за развојот на земјоделското производство за сите останати земјоделски производители.

НАЈ ПРОактивните земјоделци ќе бидат свечено прогласени  и наградени со наменски вредносен ваучер од 150.000денари во рамките на отварањето на саемот Технома, на 15 октомври од 12 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП