6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали постои разлика помеѓу евтин и скап шампон за коса?

Дали постои разлика помеѓу евтин и скап шампон за коса?

Воглавно добивате тоа што го плаќате, но дали е тоа случај и во оваа ситуација?

Евтини шампони генерално масовно се произведуваат и најчесто содржат поостри детергенти и хемикалии кои можат да бидат иритирачки за чувствителна коса.

Во исто време, поскапите шампони обично содржат поквалитетни состојки, како што се есенцијални масла, растителни или овошни екстракти, како и растителни производи, вели Сара Г. Алисон, експерт за губиток на косата.

Не е сè во изгледот. Евтин производ може да ја направи вашата коса сјајна за кратко време, но исто така може да предизвика долготрајни оштетувања.

Состојките како парабен, сулфати и силикони се наоѓаат во поевтини шампони и иако тие состојки може да ја направат вашата коса убава и сјајна, тие всушност не го подобруваат нејзиното здравје. Скапите шампони во голема мера ќе го подобрат целокупното здравје на вашата коса, наместо да дадат илузија на здрава коса, изјави Сам Бурнет, сопственичка на салонот Hare&Bone.

Типот на шампонот што го бирате треба да зависи од потребите на вашата коса, а не од моќта на вашиот џеб, заклучува Никол Смарт од Клиниката Smart Hair.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП