6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТФранцуските власти распишаа меѓународна потерница за претседателот на Сирија

Француските власти распишаа меѓународна потерница за претседателот на Сирија

Француските власти денеска издадоа меѓународна потерница за сирискиот претседател Башар ал-Асад за наводна вмешаност во воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и напад со хемиско оружје во 2013 година врз делови на Дамаск, кои се под контрола на бунтовниците, соопштија обвинителите.

Обвинети се и братот на Асад, Махер и генералите Гасан Абас и Басам Ал Хасан, пренесува АП.

Застапниците на тужбата тврдат дека тoа е пресвртница во борбата против неказнивоста на истакнатите политичари.

Според францускиот закон, налозите за апсење се тајни додека истрагата е во тек.

Истрагата за нападите со гас сарин во август 2013 година, кога загинаа повеќе од 1.000 луѓе, се води врз основа на универзална јурисдикција од страна на судиите на специјалната единица за злосторства против човештвото и воени злосторства на парискиот суд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП