19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDisney го затвори Pixar-Canada

Disney го затвори Pixar-Canada

pixar-canada

„Pixar Canada“ ги затвори своите врати поради новата деловна политика на „Disney“.

Поради новата политика, според која вработените би требало да бидат стационирани во седиштето на компанијата во Калифорнија, „Disney“ ја затвори канадската подружница на „Pixar“ во Ванкувер. Студиото веднаш престанува со работа, а стотина вработени во „Pixar“ ќе мораат да си најдат нови работни места.

Портпаролот на „Disney“, Барб Матесон, изјави дека причината за ваквиот чекор е одлуката сите ресурси и работења да бидат под заеднички покрив, а тој се наоѓа во Калифорнија.

„Тимот на „Pixar Canada“ е составен од премногу талентирани луѓе и навистина сме горди на нивната работа“.

Така Матесон ја пофали работата на студиото, што сепак е мала утеха за сега веќе поранешните вработени на „Pixar“. Канадската подружница е заслужна за некои од популарните кратки анимирани исечоци кои претходат на долгометражните анимирани филмови, како цртаните „Air Mater“, „Small Fry“ и „Partysaurus Rex“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП