28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на милионери во Полска

Зголемен бројот на милионери во Полска

polska1

И покрај кризата во Полска бројот на милионери во таа земја се зголемува, а нивниот број во моментов е зголемен за 18 проценти односно за 7,000 лица.

Во Полска во моментов живеат 45.000 милионери (чие богатство е пресметано во долари), а според најновиот извештај за светското богатство, „Global Wealth Report“, во наредните пет години бројот на Полјаците милионери речиси двојно ќе се зголеми, пренесува агенцијата АП.

Бројот на милионерите во наредните пет години, според моменталните проценки, ќе се зголеми за 89 проценти на 85.000, што според аналитичарите е најголемиот скок меѓу државите кои беа опфатени во истражувањето.

Полска, исто така, оваа година се врати во кругот на средно богати земји во кои граѓаните во просек поседуваат имот вреден помеѓу 25.000 и 100.000 долари.

Имотот на Полјаците во текот на минатата година е зголемен со второто најбрзо темпо во Европа, веднаш зад Шведска, а за тоа придонесе и зајакнувањето на националната валута.

Во просек, возрасните жители на планетата поседуваат имот во вредност од 51,600 долари, со тоа што 100 проценти од најбогатите луѓе поседуваат 86 проценти од светското богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП