Владата, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29-ти ноември 2023 година (среда), да заврши во 12:00 часот.
Како што информираше владината прес-служба на 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.
Се препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.