6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на „Гаспром“: Европските земји и понатаму добиваат руски гас

Директорот на „Гаспром“: Европските земји и понатаму добиваат руски гас

Европските земји кои зборуваа за откажување од рускиот гас продолжуваат да добиваат руско сино гориво, изјави директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер.

Во изјавата за ТВ „Русија 1“ на прашањето колкав процент од рускиот гас го добива Европа преку сите гасоводи, тој рече:

-Не сакам да наведувам бројки… Знаеме дека рускиот гас стигнува до многу земји кои се изјаснија дека се откажуваат од него.

На оваа тема на руската енергетска недела одржана во средината на октомври зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин:

-Се откажуваат од нашиот гас. Прашањето е – зошто? Имаме два гасоводни системи низ територијата на Украина. Еден функционира, транзитот работи, во Европа го добиваат нашиот гас. Украина затвори уште една рута. Но, гледате, секој месец таа добива четири или пет милијарди долари од Европа – некои од САД, но добар дел од Европа.

Тој додаде дека антируските санкции ја поткопуваат европската економија.

-Европските земји практично се откажаа од нашите енергетски извори. Не целосно, но се обидуваат да го направат тоа – да се откажат од нашите енергетски извори, кои долги години ја обезбедуваа економската и социјалната благосостојба на ЕУ. Сега преплаќаат испораки на нафта, нафтени деривати и гас, поради што економијата на Европската унија е на нула, додека индустриското производство е во минус од март годинава – изјави Путин.

Да потсетиме, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, неодамна изјави дека Будимпешта нема да се согласи со усвојување на 12-тиот пакет антируски санкции на ЕУ, доколку тој пакет ги опфаќа гасот, нафтата и нуклеарниот сектор на руската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП