17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСоздаден за ерата на пост-телефон: „AI Pin“ го носи „ChatGPT“ на вашата...

Создаден за ерата на пост-телефон: „AI Pin“ го носи „ChatGPT“ на вашата дланка (ВИДЕО)

Конечно дознавме повеќе за тоа што всушност е AI Pin, уред на „Humane“ кој се најавуваше веќе некое време.

Прогласен, уште пред да биде пуштен во продажба, за еден од најдобрите пронајдоци на годината и рекламиран како уред кој треба да го замени традиционалниот смартфон, „AI Pin“ ќе чини 700 долари, а ќе биде неопходно да се плаќа и месечна претплата од 24 долари.

„AI Pin“ нема екран и работи на операторската мрежа на „T-Mobile“ и нуди пристап до модели со вештачка интелигенција од компании како „Microsoft“ и „OpenAI“, објави „The Verge“.

Тоа е гаџет во форма на квадрат кој се прикачува на вашата облека или друга површина со помош на магнет. Се напојува со процесор Qualcomm Snapdragon и комбинира различни сензори за следење и снимање на она што се случува околу него.

Има и звучник кој се поврзува со него користејќи „Bluetooth“ технологија, а корисниците ќе можат да го контролираат овој уред со својот глас, како и со зелен ласер кој ќе им се проектира на раката.

„AI-Pin“ не снима или слуша постојано – овие функции мора да се активираат рачно, а кога се вклучени има светлосен сигнал. Ќе треба да почекаме уште малку за да видиме на кои начини би можел да се користи „AI-Pin“-от, како и дали ќе биде прифатен од пошироката маса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП