3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБелата куќа: Бајден и Кси ќе се сретнат на 15 ноември

Белата куќа: Бајден и Кси ќе се сретнат на 15 ноември

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Кси Џинпинг треба да се сретнат во среда, на 15 ноември, на маргините на самитот во Калифорнија, објави Белата куќа.

Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) ќе се одржи во Сан Франциско цела следната недела.

Тоа ќе биде прва средба меѓу лидерите на првата и втората по големина светска економија по минатогодишниот самит на Г-20.

Односите меѓу САД и Кина се лоши веќе некое време, иако Вашингтон и Пекинг со месеци работат на подобрување на дипломатските односи преку меѓусебни министерски посети.

Делумната поддршка на Кина за Русија во војната против Украина и заканите на Пекинг за Тајван придонесоа за заострување во нивните билатерални врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП