4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеглинг: Грција ќе има потреба од продолжување на помошта

Реглинг: Грција ќе има потреба од продолжување на помошта

egling

Директорот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг не ја исклучува можноста на Грција да и биде потребна дополнителна финансиска помош од нејзините меѓународни кредитори, по завршувањето на сегашната програма за помош кон средината на 2014 година. 

Аналитичарите, претходно оваа исто така предупредија дека е можно Грција да побара трет пакет финансиска помош за зајакнување на економијата и за излегување од кризата и оти тоа може да се очекува уште следната година. 

Тие сметаат дека на Атина ќе и биде потребна дополнителна транша, чиј износ значително ќе надмине десет милијарди евра и оти точната висина на помошта ќе зависи од состојбата на грчкиот буџет и од тоа дали кредиторите ќе се одлучат за уште едно отпишување на долговите на земјата. 

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле исто така изрази мислење дека Атина нема да закрепне без дополнителна помош, но не го поддржува ставот дека е неопходно уште едно отпишување на дел од грчкиот долг.

Германскиот канцелар Ангела Меркел засега не преферира да дискутира за трет пакет помош за Грција, која досега доби два спасувачки пакети со вкупна вредност од 250 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП