5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро ќе почне барањето партнери за фондот на Македонија 2025 и СЕАФ

Наскоро ќе почне барањето партнери за фондот на Македонија 2025 и СЕАФ

mkkk

Македонија 2025 наскоро ќе почне да бара инвеститори за фондот што треба да финансира дијаспората, а  чие формирање организацијата го најави на минатогодишниот Глобален инвестициски самит во Охрид.

Извршниот директор на Македонија 2025 Мајкл Фентон  за МИА вели дека во текот на вториот Глобален инвестициски самит, што се одржува во Охрид ќе биде објавена новата фаза од ова партнерство и оти договорот ќе почне да се спроведува наскоро.

– Многу добро ни оди со формирањето на најавениот фонд. Извршниот директор на СЕАФ Македонија спомена дека тоа е ново за Македонија и ќе биде потребно време. Македонија е веќе влезена во тој процес и ќе почнеме да бараме партнери за 2014 година, изјави Фентон.

Тој додаде дека веќе имаат ветување за учество во фондот од страна на претставници од македонската дијаспора. Со дијаспората е разговарано и околу организацијата, не само за финансирањето.

Фондот, како што информираше, ќе се финансира покрај од дијаспората и од СЕАФ преку неговите извори и од финансиски институции, пензиски фондови, приватни инвеститори, како од Македонија, така и од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП