28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Аерофлот“ основаше нискобуџетна компанија

„Аерофлот“ основаше нискобуџетна компанија

aeroflot1

Руската национална авиокомпанија „Аерофлот“ ја регистрираше сопствената нискобуџетна компанија „Добролет“, се вели во соопштението на компанијата.

Според претходната најава од раководството на „Аерофлот“ картите за евтините летови во организација на новата компанија ќе можат да се купат исклучиво преку интернет, а цените би требало да бидат пониски за околу 40 проценти, пренесува агенцијата АП.

Новата компанија, прва од овој вид во Русија, во која се инвестирани околу 100 милиони долари би требало да почне да сообраќа на почетокот на наредната година, а првата линија ќе ја поврзува Москва со Санкт Петербург, Самара, Екатеринбург, Махачкала, Калининград и др.

Планот на оваа компанија за до 2016 година е да воведе 26 редовни линии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП