14 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Jeep“ ќе прави уште две електрични возила

„Jeep“ ќе прави уште две електрични возила

Неодамна објавен документ открива некои од плановите на „Stellantis“ за годините што следат, вклучувајќи два нови електрични модели на „Jeep“.

Покрај моделите „Wagoneer S“ и „Recon“ кои се очекуваат до 2025-та година, во документот потпишан од претставници на синдикатот со групацијата „Stellantis“ се наведува дека за 2027-ма година се планира електричен „Grand Cherokee“, а за 2028-ма година е планиран и „Wrangler EV“.

Додека „Wrangler“ ќе се гради во фабриката во Толедо, „Grand Cherokee“ ќе излезе од фабриката за склопување во Детроит.

Двете возила ќе бидат базирани на платформата „STLA Frame“, а со оглед на тоа дека има уште 4-5 години до нивното претставување, немаме никакви официјални информации за батериите и другите карактеристики.

Гледајќи некои постари најави, „Stellantis“ ќе инвестира 19 милијарди долари во нови капацитети за батерии, надградба на капацитети, обука за електрични возила и развој на нови електрични возила до април 2028-ма година. Од нив, околу 9,4 милијарди долари се наменети за три нови фабрики за батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП