6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПовторно е најпопуларена: „Fortnite“ ги собори сите рекорди

Повторно е најпопуларена: „Fortnite“ ги собори сите рекорди

„Fortnite“ имаше многу добра статистика за време на викендот, соборувајќи рекорди по бројот на активни играчи, а се зголеми и гледаноста на играта на платформата „Twitch“.

„Epic“ официјално објави дека саботата е најдобриот ден во историјата на „Fortnite“, а во текот на овој ден играта ја одиграле вкупно 44,7 милиони играчи, кои потрошиле 102 милиони часа играјќи.

Пред тоа, 5,8 милиони играчи беа активни во „Fortnite“ во еден момент. Ова беше во тоа време највисоката снимена активност на гејмерите откако беше лансирана играта.

Од споменатиот број, четири милиони играчи учествуваа во режимот „Battle Royale“, милион од нив беа во „Zero Build“, додека „Creative“, „Save“, „World“ и други режими имаа речиси милион играчи.

Има причина зошто „Fortnite“ повторно има рекорден број играчи, а тоа е враќањето на старата мапа што недостасуваше од 2019-та година.

„Fortnite“ привремено ја врати титулата за најгледана игра на „Twitch“, пред другите популарни наслови како што се „Counter-Strike“, „League of Legends“ или „Valorant“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП