5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Австралија

Намалена невработеноста во Австралија

avstralija1

Стапката на невработеност во Австралија во септември се намали на 5,6 проценти, паѓајќи на четиригодишниот максимум, благодарение на отворањето на 9,100 нови работни места.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност се намали во споредба со минатиот месец кога беа забележани 5,8 проценти, ниво кое не е забележано од почетокот на глобалната финансиска криза, бидејќи инвестициите беа зголемени, благодарение на падот на цените на суровите материјали, пренесува агенцијата Франс прес.

„Неодамнешниот раст на довербата и стабилизацијата на условите на пазарот за труд се добредојдени, но и понатака се слаб знак дека економската активност напредува“, изјави економистот на компанијата АНЗ, Џастин Фабо.

Забавувањето на економскиот раст на Кина, клучниот извозен пазар за Австралија, го погоди австралискиот рударски сектор. Власта вети дека ќе го оживее рударскиот сектор со намалувањето на даноците на добивката на компаниите. Водечките компании во рударскиот сектор во моментов се соочени со сериозни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП