6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Opel“ најавува нов евтин електричен модел

„Opel“ најавува нов евтин електричен модел

Германскиот бренд ќе ги искористи сите поволности што е дел на групацијата „Stellantis“.

„Opel“ најави нов електричен модел со поволна цена, кој ќе се соочи со конкурентите на европскиот пазар, предводени од „Dacia Spring“ и претстојниот „EV“ од Кина. Со оглед на тоа дека германскиот производител е дел од автомобилскиот гигант „Stellantis“, нема сомнеж дека ќе ја користи технологијата која е претставена во исто така достапен нов „Citroen e-C3“.

Иако технолошки ќе биде близок до францускиот „братучед“, новиот електричен „Opel“ од сегментот Б ќе има поинаков изглед, во согласност со сопствениот дизајнерски јазик. Одредени промени во однос на „e-C3“ треба да се очекуваат и во патничката кабина, која секако нема да наликува на онаа на „Citroen“.

Ако прифатливиот електричен „Opel“ навистина е технолошки близнак на моделот „e-C3“, тој би требало да има ист електричен мотор како и „Французинот“. Потсетуваме дека во „Citroen“ овој агрегат произведува 83 kW/113 ks и овозможува забрзување од 0-100 km/h за околу 11 секунди. Исто така, очекувајте слична (или иста) електронски ограничена максимална брзина од 135 km/h.

Како и гореспоменатиот „e-C3“, така и овој „Opel“ би требало да користи литиум-јонска батерија со капацитет од 44 kWh. Со оглед на релативно малите димензии и масата на возилото, досегот од 320 km би бил доволен за секојдневно возење во град и кратки патувања надвор од градот.

Потсетуваме и дека францускиот модел овозможува полнење на брзи полначи со моќност до 100 kW, што практично значи полнење на батеријата за околу 30 минути. Ако возачот го користи вградениот полнач од 7 kW, потребни се околу 4 часа за да го наполни од 20 до 80 проценти од неговиот капацитет.

Инаку, „Opel“ веќе еднаш користеше технологија од „Citroen“ за евтин мал градски автомобил кога го претстави „Rocks“, возило базирано на електричниот „брат“, моделот „Citroen Ama“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП