22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Британија во третиот квартал се зголеми за 0,8 проценти

Економијата на Британија во третиот квартал се зголеми за 0,8 проценти

velikabiranija1

Економијата на Велика Британија во третиот квартал од оваа година забележа раст од 0,8 проценти на годишно ниво, објави Националниот институт за економски и социјални истражувања.

На тој начин британскиот бруто домашен производ (БДП) продолжи да расте, бидејќи во претходниот квартал беше зголемен за 0,7 проценти, пренесуваат агенциите.

Главниот двигател за економскиот раст, според експертите на Институтот, е индустриското производство. Тие сметаат дека, без оглед на тоа што во август обемот на производство е намален за 1,1 проценти, ситуацијата во тој економски сектор постојано се подобрува.

Истовремено, во извештајот се наведува дека БДП на земјата сега е за 2,5 проценти понизок од максимумот пред кризата во 2008 година.

Според очекувањата на експертите од Институтот, тоа ниво на раст ќе биде достигнато најкасно до 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП