3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали сте слушнале за Prime? Децата го сакаат, јутјуберите го рекламираат: „Опасно...

Дали сте слушнале за Prime? Децата го сакаат, јутјуберите го рекламираат: „Опасно е, има многу кофеин“

„Децата купуваат енергетски пијалоци со парите за јадење, и ги пијат на празен стомак“, вели пратеничката во Европскиот парламент и докторка Билјана Борзан. Новиот енергетски пијалок има двојно повеќе кофеин од Ред Бул.

Енергетскиот пијалок Prime станува популарен и меѓу младите во Македонија, а кој веќе ги крена на нозе лекарите на Запад, бидејќи една лименка содржи исто толку кофеин колку, приближно, шест лименки Кока Кола или две конзерви Ред Бул. Производителот не го препорачува за лица помлади од 18 години, но тоа не е гаранција дека децата нема да го купат. Во Америка го рекламираат познати јутјубери, што дополнително може да ги поттикне младите да купуваат.

Хрватската европратеничка и докторка Билјана Борзан долго време се бори за забрана на енергетските пијалаци за децата воопшто, но нема напредок.

-Во училиштата држев предавања за енергетските пијалоци, а од многу наставници слушнав како децата со парите што ги добиваат од родителите за јадење купуваат енергетски пијалоци, и ги пијат на празен стомак. Родителите не го знаат ова, или не се доволно образовани, често се прашувам дали би го оставиле своето дете да испие голема шолја турско кафе, засладено со четири големи лажици шеќер. Бидејќи токму тоа го добиваат во енергетските пијалоци, забележува Борзан.

И нејзин колега, хрватскиот епидемиолог Др. Бранко Колариќ предупредува дека енергетските пијалоци се комбинација од големи количини шеќер, кофеин и таурин, а истражувањата покажуваат дека многу млади луѓе, дури 87 отсто, комбинираат енергетски пијалоци со алкохол.

  • А тоа создава сè поголема желба, па дури и еден вид зависност бидејќи нервниот и кардиоваскуларниот систем постојано се буди, забележува Колариќ. Борзан додава и дека после енергетските пијалоци, преостанатата слатка храна на децата ја „губи“ својата сладост, односно им треба се повеќе шеќер.
  • Нивниот вкус за слатки се менува, постојано бараат повеќе, вклучително и во храната. Балтичките земји ја забранија продажбата на енергетски пијалоци пред 18-годишна возраст. ЕУ не може да донесе законска забрана, но оставено е на земјите-членки да го сторат тоа доколку сакаат. Во Франција некои општествено одговорни трговски центри воведоа забрана за деца, вели Борзан.

Проф Др. Игор Франчетиќ, водечки хрватски експерт за клиничка фармакологија, објаснува како, генерално, големата доза на кофеин може да биде негативна за некои бидејќи го зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок.

  • Дури би рекол дека таквата опасност е поголема за постарите отколку за младите, вели професорот. Првото дејство на кофеинот, додава тој, е диуретик, предизвикува мокрење, а дури потоа, по неколку шолји кафе, влијае на нашата будност.

Според Американската академија за детска и адолесцентна психијатрија, децата на возраст под 12 години треба целосно да избегнуваат кофеин, а адолесцентите не треба да пијат повеќе од 100 mg кофеин дневно. Во случај на прекумерно консумирање, тоа може да доведе до забрзан пулс, зголемен крвен притисок, несоница, главоболка, нервоза и болки во стомакот. Децата кои имаат проблеми со срцето особено треба да избегнуваат кофеин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП