8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБизнис состаноци кои треба да ги избегнете

Бизнис состаноци кои треба да ги избегнете

sostanok1

Постојат многу видови на бизнис состаноци, но не се сите со цел нешто да се унапреди. Понекогаш состаноците се смислени со таква цел, но едноставно на самиот состанок се случува спротивното. Доколку сакате успех во вашата компанија не ги одржувајте следниве состаноци и не присуствувајте на нив, тие само бескорисно ќе го трошат вашето време. Следуваат 7 гревови на кои треба да внимавате во водењето на бизнис состаноците и совети како да се поправите.

1. Состаноци кои преминуваат во некорисни ритуали

Компании се состануваат, едноставно, затоа што време е за неделниот, месечниот или годишниот продажен состанок. Состаноците кои се ритуалистични наместо неопходни најчесто се досадни.

Совет: Најпрво, преиспитајте ја рутината. Не закажувајте состанок, доколку не ги дефинирате специфичностите кои се неопходни за да ја унапредите организациската стратегија. Исто така, креирајте специфична агенда и пратете ја до вработените за да имаат време да се подготват.

2. Состаноци кои се конверзација во еден правец

Луѓето најчесто се “исклучуваат” на монотони излагања кои се проследени со досадни „Power point“ презентации. Говорите во еден правец се генерално еден од помалку ефективните начини на учење, информирање или мотивирање.

Совет: Охрабрете го вашиот тим да учествува во дискусии, разменување идеи и коментирање врз основа на тоа што го слушнале. Доколку презентирате „Power point“ слајдови, направете визуелно да ги заинтересира. Слајдовите нека се сведат на минимум зборови и бројки.

3. Состаноци со попустливо лидерство

Во денешните “виртуелни” конференциски соби, времето најчесто се поминува во чекање на луѓе да се придружат на повикот, забавувајќи го темпото на состанокот во навраќање на моментите кои ги пропуштиле. Со ова се казнуваат оние кои се приклучиле на состанокот на време.

Совет: Изберете лидер кој е организиран, оставајќи ги оние кои се појавиле покасно да продолжат од моментот кога се појавиле. Користете факти, доколку сте премногу попустливи, ќе дозволите премногу бесмислени работи да се случуваат.

4. Состаноци кои се однесуваат на неуспеси наместо на стратегија

Не треба да поминувате 95 % од состанокот со менаџерите кои ви се одговорни за планирање, разговарајќи само за тоа, зошто не ги постигнале планираните бројки, а само 5 % во планирање на идните стратегии.

Совет: Користете ги минатите активности како платформа за разбирање и планирање на идните акции. Колективнита моќ во собата треба да биде искористена за да се избегнат грешките кои се направиле и да се продолжи напред.

5. Состаноци кои ги прекинуваат најпродуктивните часови

Многу компании ги одржуваат своите состаноци во утрата, вознемирувајќи ги вработените во најпродуктивните работни часови.

Совет: Закажете ги состаноците попладне

6. Состаноци кои се одржуваат во невообичаени средини

Мнозинството состаноци, се одржуваат на конференциска маса и се фокусираат на оној кој седи на чело на масата. Овој формат на водење на состаноци, малку придонесува за стимулирање на дискусија и креативни идеи.

Совет: Однесете ги вработените на состанок, но на прошетка во парк или околу објектот во кој работите. Кога не сте очи во очи, постои повеќе храброст за да кажат одредени нешта. Кога одржувате состанок низ прошетка, се отвора поинаков поглед на светот, кој стимулира свежи идеи.

7. Состаноци кои се премногу формални и ригидни

Само некои од лидерите кои ги водат состаноците имаат смисла за хумор. Најчесто резултатот од собата за состаноци е полна со досада и не одморени вработени.

Совет: Прекинете го состанокот со музика, видео, шала или со некоја интересна случка. Во време на „YouTube“ и „ITunes“, едноставно нема причина да не воведете малку опуштеност, за да привлечете внимание, да ја ослободите негативноста и да генерирате ентузијазам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП